Мина разнесе маж кој се капеше во морето кај Одеса
Видео кое е снимено во украинскиот град Одеса покажува како мина разнесува маж кој плива во морето.
Посмртните остатоци на 50 годишниот човек подоцна се однесени на плажа каде во шок седеле неговата жена, синот и еден пријател. Видеото од надзорните камери, е споделено и на Фејсбук страната на украинското Министерство за внатрешни работи.
Жителите на украинската област Одеса се предупредени да ги избегнуваат крајбрежните области поради опасноста од мини расфрлани во морето, пишува весникот Mirror. Се смета дека со децении Украина нема да се справи со мините кои ги има на теренот. Како пример беше наведено и дека во Европа до ден денес се наоѓаат мини од Втората светска војна.фптп Принтскрин
Слично
