Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милош Земан има две причини да го повлече признавањето на Косово

Милош Земан има две причини да го повлече признавањето на Косово

Вчера најави, а денес чешкиот претседател Милош Земан објасни дека за идејата за повлекување на признавањето на Косово има два аргументи. 

Првиот е фактот дека Пратеничкиот дом на чешкиот парламент во минатото усвои резолуција во која ја повика чешката влада да не го признава Косово, а тогашната влада на премиерот Мирек Тополанек тоа не го почитуваше. 

„Вториот аргумент е тоа што Хашкиот трибунал се занимава со злосторствата извршени на косовска територија. Мора да признаете дека ако водечки политичари на чело на премиерот се под истрага за воени злосторства, тоа е нешто друго од тоа кога би биле под истрага за економски криминал. Претпоставувам дека на состанокот ќе се обидам да ги применам тие аргументи а дали тоа ќе ми успее или, тоа е животот“, изјави денес Земан.

Тој додаде дека на самитот на претседателите на земјите од Вишеградската група и западниот Балкан на почетокот на октомври во Прага намерно не го поканил претседателот на Косово Хашим Тачи, а го поканил српскиот претседател Александар Вучиќ.

Земан рече дека царините од 100 отсто на српската стока сигурно не е чекор со кој косовските власти покажуваат дека би прифатиле компромис.

Премиерот на Чешка Андреј Бабиш изјави дека е спремен да дебатира со претседателот за евентуално откажување на Чешка од признавањето на Косово.

На неговата најава не се рамнодушни косовските власти. 

Бедека косовски претставници нема да патуваат во Чешка баш поради најавата на Земан, а денеска косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, посочи дека поради изборни ангажирања, тој нема да присуствува на Самитот во Чешка.

Tринаесет држави го повлекле признавањето на Косово, а уште десет може да го сторат истото. 

Слично

Поврзани вести