Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милионски штети поради штрајкот на „Луфтханза“

Милионски штети поради штрајкот на „Луфтханза“

Повеќе од 200 илјади патници ги почуствуваа последиците од штрајкот, кој трае веќе пет дена.

Штрајкот на пилотите на авиокомпанијата „Луфтханза“ влезе во петиот ден. Штетата веќе се мери во милиони евра, а во текот на последните четири дена 200 илјади патници ги почуствувале последиците од штрајкот.

Пилотите не се откажуваат, компанијата се извинува, а патниците го губат трпението - тоа е епилогот од штрајкот.

Меѓутоа, незадоволството на Луфтханзините капетани трае многу подолго, поточно од април минатата година, кога управата на компанијата го објавила планот на реструктуирања како би се прилагодиле на се поголемата конкуренција.

 Идејата да заработуваат колку  нискобуџетните компании не им се допадна на пилотите, така што од април минатата 2014 година, вклучувајќи го и вчерашниот протест, 15 пати ги напуштале своите работни места, што досега компанијата ја чинело речиси 232 милиони евра.

Слично

Поврзани вести