Милионски штети од метеорскиот дожд во Русија!
Според гувернерот на руската Чељабинска Област, Михаил Јуревич, материјалната штета предизвикана од метеорот во овој реон надминува над една милијарда рубљи(околу 25 милиони евра).
Најтешко оштетен е спортскиот зимски дворец, каде штетите се проценуваат на 200 милиони руски рубљи(околу 5 милиони евра).Прозорците на десетици згради се искршени.Од парчињата метеор оштетени се 93 болници и поликлиники, како и 21 социјални институции, меѓу кои старски и детски домови.
Според досегашните информации, нема поголеми штети на нуклеарните централи во ова област.
Слично
