Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милиони откази во производство поради купување на роботи

Милиони откази во производство поради купување на роботи

Милиони работни места ширум САД во секторот производство ќе бидат угасени поради се поголемата компјутерска автоматизација, предупредија денеска експертите за кадри.

Тоа тврдење го докажува и податокот дека американската автомобилска индустрија лани произвела рекорден број автомобили со многу помал број на работници отколку што досега биле вработени.

Пазарната конкуренција ги принудила компаниите да бараат поевтини начини на производство, пренесе Гласот на Америка.

Експерт за работна сила на Универзитетот Џорџтаун, Ентони Карневале вели дека употребата на роботи значи дека е помал бројот на луѓе вработени на добро платени работни места во производството.

„Главен виновник за загубата на работни места од претходните 1980-ти години, кога почна овој проблем, е развојот на технологијата. Технологијата е најверојатно виновник за гаснењето на 75 отсто работни места на кои денеска наместо луѓе работат роботи“, рекол  Карневале.

Заменик секретарот за труд Крис Лу смета дека економијата, која се менува, нуди нови шанси за работници, ако имаат релевантни вештини.

Многу работодавци се жалат дека не можат да најдат доволен број на работници кои можат да ги извршуваат задачите како што е раководење со усовршени машински алати или кои познаваат компјутерски програми.

„Во оваа земја постои извонредна транзиција на сектор услуги или навистина многу добро платени работни места во ИТ секторот“, наведува Лу.

Како едно од решенијата кои им се нудат на милионите кои останале или допрва ќе останат без работа е прешколување, но ни работодавците ни работниците немаат време ниту начин да преживеат уште неколку години во училиште, без приходи.

Како дополнителен проблем, во текстот на Слобода Америка се истакнува и дека американското школување повеќе е сконцентрирано на сегментот образование на ниво на колеџ отколку на обука и образование на просечен човек за технички работни места.

Слично

Поврзани вести