Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милиони луѓе мака мачат да преживеат, ова се земјите во кои луѓето умираат од глад

Милиони луѓе мака мачат да преживеат, ова се земјите во кои луѓето умираат од глад

Луѓето од над 52 држави секојдневно гладуваат и бараат начин да преживеат. Сиромаштијата и во 21 век останува главен проблем на светот. Населението од овие државни страда од од "сериозни" или "алармантни" нивоа на глад, според неодамна објавениот Светски индекс на гладот .

Населението на Централноафриканската Република гладува најмногу, според голем број индикатори врз кои се пресметува индексот, меѓу кои и нивото на смртност.

Веднаш после тоа на листата на ниво на глад се Чад и Замбија.

"Воените конфликти и гладот се силно поврзани. Земјите со највисоки вредности на индексот на гладот или се вклучени во некој воен конфликт, или пак неодамна излегле од таков", се вели во извештајот.

Меѓу десетте „најгладни” земји во светот оваа година се најдоја и Источен Тимор, Сиера Леоне, Хаити, Мадагаскар, Авганистан, Нигер и Јемен.

Индексите на гладот вклучуваат четири показатели: процент на недоволно нахранети луѓе од населението, процен на деца помали од 5 години кои страдаат од неухранетост, процент на деца кои страдаат од запирање на растот и нивото на смртност кај децата на возраст.

Слично

Поврзани вести