Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милиони Бугари и Романци сакаат да живеат во Велика Британија

Милиони Бугари и Романци сакаат да живеат во Велика Британија
Велика Британија  за една година ќе биде преплавена од милиони Бугари и Романци, предупреди лидерот на евроскептичната Независна партија на Велика Британија, Нејџал Фараџ. Според него половина од 29 милиони луѓе од Источна Европа, можат да имигрираат во Велика Британија кон крајот на 2014 година, откако ќе биде укинато ограничувањето што сега е во сила. - Отворањето на вратите за 29 милиони Романци и Бугари ќе создаде голем проблем. Ако јас бев Бугарин, веќе ќе го пакував багажот, бидејќи 46 проценти од населението во Бугарија живее во сиромаштија,наведе Фараџ. Независна партија на Велика Британија се залага за излегување на земјата од Европската унија.
Слично

Поврзани вести