Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милиони Американци останаа без храна

Милиони Американци останаа без храна
Милиони сиромашни лица од САД вчера останаа без храна поради голема техничка грешка на компанијата Зирокс, која раководи со програмата за „прехранбените картички“ во САД. Ова предизвика масовна нервоза меѓу корисниците на програмата која функционира во 17 сојузни држави. Синоќа сепак компанијата успеала да го поправи дефектот, а според нејзините претставници, наскоро ќе проработат електронските картички неопходни за да им се даде храна на социјалците. Вчера во текот на целиот ден се случуваше вистинска драма во продавниците, каде со солзи граѓаните беа враќани назад и не успеваа да си ги купат основните намирници. Прпблемот дополнително ги загреа стравовите на Американците бидејќи доаѓа кога државната администрација е блокирана поради недонесување на буџетот на САД. Ако во меѓуврене не се постигне договор, веќе во четврток државата нема да може да продолжи со исплаќање на долговите. Програмата со која раководи компанијата Зирокс дозволува да се купува спакувана храна во американските продавници за невработените или сиромашни граѓани и нивните семејства.
Слично

Поврзани вести