Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милионерот Том Перкинс се извини: Стар сум…

Милионерот Том Перкинс се извини: Стар сум…
Американскиот милионер Том Перкинс јавно се извини поради споредбата на „Кристалната ноќ“ со наводната „хајка на богатите“, но ниту извинувањето на помина без контроверзи. Перкинс, по прашината која се крена поради неговото писмо во Волстрит журнал, гостуваше на ТВ Блумберг и рече дека стои „на основната порака која се обиде да ја прати во јавноста“, но дека се извинува поради употребата на „грозни термини“. „Не се извинувам поради пишувањето на писмата, туку поради тоа што ги употребив тие грозни термини. Тоа беше навистина лош избор на зборови. Сепак, не ми е жал поради пораката која ја испратив. Штом мнозинството почне да го сатанизира малцинството, без оглед на тоа за што се работи, тоа е погрешно, опасно и ништо добро не носи“, рекол Перкинс. Тој не пропушти да покаже дека е горд на своето богатство, па во текот на емисијата рече дека има „авион кој може да лета и под вода“, а покажа и часовник „кој вреди колку едно пакување ролекс“. Во текот на спорното интервју, рече дека „се грижи за сиромашните во САД“, но наведе и дека „некои членови на неговото семејство живеат во приколки“. „Иако не сум милијардер, признавам дека имам елитистички ставови во животот. Секако дека сум арогантен во одредена мерка, но тоа е разбирливо, сепак јас сум стар човек. Фактот дека многумина сега ме мразат, е дел од играта. Жал ми е поради тоа, бидејќи немав лоши намери“, рече Перкинс. Потсетуваме дека Перкинс, во скандалозното писмо, го поврза движењето „Окупирај“ со „Кристалната ноќ“, злогласниот погром на Евреите во ноември 1938 година, пишува британски Телеграф.   А.А.
Слично

Поврзани вести