Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милионерите сакаат да работиме еден ден помалку, но…

Милионерите сакаат да работиме еден ден помалку, но…
Анкетата на групата „Спектрем“ спроведена меѓу деловни луѓе кои во својот бизнис располагаат со средства поголеми од еден милион долари, покажала дека дури 69% од нив се согласуваат со „бришење“ на еден работен ден. Женските милионери водат - дури 82% од нив сметаат дека е сосема доволна работна недела со четири работни дена. Сепак, пократката работна недела подразбира подолго работно време во текот на денот. Повеќето милионери сметаат дека за нивната работа и натаму се потребни по 40 работни часа неделно по вработен. Сепак, уверени се дека на луѓето повеќе би им одговарало да работат четири дена по десет часа. За четиридневна работна недела се почесто се зборува во последните години. Таа постепено се воведува во одредени земји (на пример - Швајцарија), а и британските експерти неодамна предупредија дека петдневната работна недела во вакви услови има тешки последици врз здравјето и социјалниот живот на работниците. Во дискусијата неодамна се вклучи и првиот човек на Гугл Лери Пејџ, кој исто така се залага за промени. „Мислењето дека сите мораат исцрпувачки да работат секој ден за да ги исполнат очекувањата едноставно не е точно. Трошиме премногу време правејќи работи кои се непотребни. Ни треба координиран начин за работната недела да се скрати“, вели Пејџ.
Слично

Поврзани вести