Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милионери во САД добивале помош за невработеност

Милионери во САД добивале помош за невработеност
И во екот на економската криза, Владата на САД платила дури 80 милиони долари помош за невработеност на домаќинства кои имале приход од над 1 милион долари, вклучувајќи ги рекордните 29,9 милиони долари за 2010 година. Речиси 3 200 домаќинства (20% од нив во државата Њујорк), кои појавиле бруто приход во износ од над 1 милион долари, добивале помош за невработеност во просек од 12 600 долари во 2010 година, информира Блумберг. Ова е последна година за која САД има детални расположливи податоци. Исплатените 80 милиони долари претставуваат помалку од 0,01% од проектираниот буџетски дефицит на САД во износ од 845 милијарди долари. Сепак помошта за невработеност, исплатени на домаќинства кои имаат приход во износ од над 1 милион долари, ги извадија на преден план недостатоците на голем дел од државните програми на САД, коментираат економистите.
Слично

Поврзани вести