Милионер се откажа од кариерата поради една вистинска причина!
Мохамед Ел-Еријан, извршен директор на инвестицискиот фонд ПИМКО чија вредност се проценува на две милијарди долари, го шокираше финансискиот свет кога во мај 2013 година си даде неотповиклива оставка. За причините за оставката на работното место, кое во 2011 година му донесе заработувачка од 100 милиони долари, молчеше до скоро. Деновиве најпосле го откри својот мотив.
На новинарите им раскажал дека доживеал вистинско просветлување во текот на една кавга со својата 10-годишна ќерка. Се карале околу миењето заби, а таа налутена отишла во својата соба и му донела лист хартија.
„На тој лист беа напишани сите важни настани во нејзиниот живот кои ги пропуштив заради работните обврски“, вели 56-годишниот поранешен менаџер. „Вкупно набројала 22 такви настани - од првиот ден на училиште и првиот фудбалски натпревар, до родителски состаноци и паради за Ноќта на вештерките“.
„Се чувствуваб ужасно и почнав да се оправдувам. Имав добар изговор за се - патувања, важни состаноци, телефонски повици“, се присетува Ел-Еријан и додава: „Тогаш сфатив дека пропуштам еден бескрајно важен факт - напросто не одвојувам доволно време за своето дете!“
Додека работел, Ел-Еријан заминувал на работа во 4:30 часот наутро и понекогаш со недели не се враќал дома заради работни обврски. Сега секое утро се буди покрај сопругата, ја буди својата ќерка, и подготвува доручек и ја носи на училиште.
Вели дека и пари не му недостигаат - наместо полно работно време, работи добро платени хонорарни работи со флексибилно работно време и без многу службени патувања, како што е обврската во Алијанц, каде што има титула главен економски советник.
Слично
