Милионер антиваксер малтретира жена во авион да ја извади маската
Американски милионер понудил 100.000 долари на сопатничка во авион ако ја симне маската.
Стив Кирш, американски милионер кој е заслужен за создавањето на оптичките глувчиња, се фали дека тоа го направил во авион.
„Во моментов сум во авион. И понудив на жената која седи покрај мене да ја извади маската. Почнав со 100 долари, завршив со 100.000 долари. Ме одби. Тоа го направив откако и објаснив дека маските не делуваат. Таа работи за фармацевтска компанија“, напишал на Твитер Стив Кирш.
Луѓето го критикуваа дека ја малтретира жената. Како што пишува „New York Post“, неколку пати ширел дезинформации за коронавирусот и пандемијата.
Слично
