Милион евра награда за информација за накитот украден во Кан
Милион евра награда понуди британската осигурителна компанија „Лојдс“ за информации кои може да ја одведат полицијата до накитот украден во Кан, за време на филмскиот фестивал, во хотелот Карлтон, чија вредност се проценува на 103 милиони евра.
– Се нуди награда од еден милион евра на лицето кое прво ќе пријави информации што може да резултираат со пронаоѓање на накитот. Таа понуда е со одредени услови - соопштија од „Лојдс“.
На 28 јули, од луксузниот хотел Карлтон во Кан, вооружен ограбувач ја изврши една од најголемите кражби на дијаманти во историјата.
Украдениот накит беше изложен во хотелот во рамки на изложба организирана од фирмата Левиев, специјализирана за трговија со дијаманти, која има канцеларии во Лондон, Њујорк, Дубаи и Сингапур.
Милијардерот Лев Левиев (56), според „Сан“, е Израелец кој живее во Москва и е близок до Путин.
Слично
