Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милијардер платил 6,75 милиони долари за да ја купи куќата на соседот

Милијардер платил 6,75 милиони долари за да ја купи куќата на соседот
Милијардерот претприемач Илон Маск платил 6,75 милиони долари за да ja купи куќата на соседот во луксузната област на Лос Анџелес, Бел Ер . Богатството на Маск, кој го зазема 41 -то место во рангирањето на најбогатите Американци според Forbes , изнесува 6.7 милијарди долари благодарение на компаниите Tesla , SpaceX и PayPal . Во моментов, тој живее во куќа спроти онаа која штотуку ја купил , за која, пак, платил 17 милиони долари во јануари оваа година. Ова живеалиште има 7 спални , 9 бањи и површина од 1880 квадратни метри. Според имотните регистри , неговата нова придобивка , која се наоѓа во близин,а била купена на 24 октомври за 6,75 милиони долари. Имотот кој наликува на ранч, е доста помал од живеалиштето на Маск и има 3 спални соби, 4 бањи и површина од 256 квадратни метри. Куќата има базен и куќичка за гости. Таму долго време живеел актерот Џин Вајлдер, во периодот од 1976-2007 година. Иако не е голем во површина, имотот нуди сериозни можности . Тој е идеален за создавање на дом од соништата . Маск, кој има два развода зад себе , во моментов живее во неверојатен дворец што го има изнајмено пред три години. Тој не е првиот милијардер кој купува стан на сосед . Главниот извршен директор на Facebook, Марк Цукербегр и шефот на Yahoo Мариса Мајер исто така неодамна платија милиони долари за нивните соседни имоти.
Слично

Поврзани вести