МИЛИЈАРДИТЕ НА ГАДАФИ МИСТЕРИОЗНО ИСЧЕЗНАА: Кој му ги „олесни“ сметките ?
Од белгиските банки исчезнал дел од парите на убиениот либиски лидер Муамер ел Гадафи, јави телевизијата РТБФ.
Со одлука на Советот за безбедност на ОН од 2011 година средствата на Гадафи биле замрзнати. Во тој момент во банките на "BNP Paribas fortis", ING, KBC и "Juroklir bank" се наоѓале повеќе од 14 милијарди евра на поранешниот либиски водач.
Одлуката на Советот за безбедност на ОН не се однесувала на каматите.
За осум години таа сума се зголемила за помеѓу 3 и 5 милијарди евра и токму тие пари исчезнале. Се претпоставува дека завршиле во раце на група која војува во Либија. Во тек е истрага.
За исчезнување на 10 милијарди евра од замрзнати либиски сметки е пишувано и порано.
Во 2013-та година на нив се наоѓале 16 милијарди евра а во 2017та година, кога белгиските власти конечно по истрагата за перење пари планирале да конфискуваат имот, се откриени само 6 милијарди.
