Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милијарди загуби од запрениот увоз на месо од САД во Русија

Милијарди загуби од запрениот увоз на месо од САД во Русија
Компании од САД загубија за помалку од година дена помеѓу 5 и 6 милијарди долари поради забраната за увоз на американско месо во Русија , изјави амбасадорот на САД во Москва, Мајкл Макфол во интервју за весникот „Комерсант“. "Загубите се големи , а забраната уште е во сила и јас правам секакви напори за ставање крај на тоа " , додава дипломатот . Москва ги обвинува американските производители на телешко и свинско месо , дека при одгледувањето на животните го користат адитивот рактопамин , за да ја зголемуваат мускулната маса. Овој додаток е забранет во Русија , бидејќи може да им наштети на здравјето на потрошувачите . Макфол изјавува исто така дека како целина економските односи меѓу САД и Русија не се доволно динамични , но сепак не се прекинати по спорот за давањето на азил во Русија на поранешниот консултант на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден .
Слично

Поврзани вести