Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милијарди за спас на индиската економија

Милијарди за спас на индиската економија
Инфраструктурни проекти вредни 28,4 милијарди долари одобри  индиската Влада  со цел заживување на економијата и поддршка на домашната валута, која е во опаѓање. Според индискиот министер за финансии П. Чидамбарам одобрени се 36 проекти во областа на нафтата, гасот, електричната енергија, патиштата и железницата. „Праќаме порака дека започна новиот инвестициски циклус и дека ние го поддржуваме“, изјави министерот на денот кога индиската валута се намали на новото рекордно ниско ниво од 65,5 рупии за долар. Неодамнешниот обид да се намали нестабилноста на валутниот пазар не беше успешен. Чидамбарам, исто така, се обиде да ги ублажи стравувањата околу влијанието на законот за храна на државните финансии. Законот, кој синоќа беше одобрен, има за цел да обезбеди субвенционирана храна за две третини од населението, со цел да се искорени проширениот глад во Индија. Таа програма, сепак, ќе чини 23,9 милијарди долари годишно, што според мислењето на бројни критичари, ќе ја погоди индиската економија. Министерот сепак тврди дека владата нема да го надмине целниот фискален дефицит.  
Слично

Поврзани вести