Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милијардерот кој го тужи Форбс: Секој долар ми е важен!

Милијардерот кој го тужи Форбс: Секој долар ми е важен!
Милијардерот кој што го тужи списанието Форбс дека лошо го процениле неговото богатство, односно напишале дека има помалку пари од реалното, изјавил пред судот дека за него „ Секој долар e големо значење". Саудискиот принц Алуалид бин Талал води правна битка во Лондон, поврзана со авиокомпанијата, која ја продал на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, информира „The Daily Mail“. Консултантката фирма Даад Шараб поднесе тужба против принцот, бидејќи инсистира да добие 9,8 милиони долари провизија за учество во договорот, бидејќи таа ја воспоставила врската со Гадафи. Принцот, чие богатство се проценува на околу 18 милијарди долари, негира дека имало договор за плаќање на провизија, велејќи пред судот дека консултантската фирма нема право ниту на "еден цент" од неговото богатство откако му забила нож во грб. Според „The Daily Mail“ за време на сослушувањето било откриено дека за претходниот договор Шараб добила 500 000 долари провизија од принцот. Во врска со тоа судијата во случајот изјавил дека со оглед на милијардерскиот статус,  половина милион долари и не се многу пари. На ова Алуалид одговорил: „Ваша светлост, секој долар е од значење за мене." Претходно оваа година принцот поднесе тужба за клевета против магазинот Форбс, тврдејќи дека од изданието лошо оцениле дека поседува само 9 милијарди долари. Саудискиот милијардер има удели во луксузни хотели во Париз, Лондон и Њујорк, како и акции во „News Corp’, „Citigroup“, „Apple“ и „Twitter“ преку својата компанија „Kingdom Holding“. Случајот во Лондон продолжува.
Слично

Поврзани вести