Милијардерот Пол Ален си се почести со замок за 27 милиони долари во Калифорнија
Милијардерот и основачот на Microsoft Пол Ален платил 27 милиони долари за огромна палата во Атертон , Калифорнија - луксузно гратче во срцето на Силиконската долина .
Ален е на 26-то место во САД според рејтингот на милијардери и на 53- тото место на светската ранг-листа на Forbes со лична состојба , вредна 15,8 милијарди долари . Тој е колекционер на скапи куќи и јахти , а најновата придобивка му е купена во почетокот на овој месец .
Ален живее во областа на Сиетл , каде има огромен дворец на островот Мерсер . Тој исто така поседува мултимилионни станови во различни места во светот, како Франција , Хаваи , Малибу , Менхетн , Ајдахо , Беверли Хилс и Лондон .
Покрај имањата, Ален има вредна колекција од авиони од Втората светска војна , неколку приватни авиони и две неверојатни јахти. Првата е долга 90 метри , и го носи името Tatoosh и чини 125 милиони долари , а втората е долга 125 метри и се вика Octopus. Трошоците за Octopus изнесуваат околу 400 000 долари неделно.
Новиот имот на Ален во Северна Калифорнија беше прогласен за продажба во крајот на септември за 31,8 милиони долари , но тој успеал да гозапечати договорот по цена од 27 милиони долари. Главната куќа на новоизградената палата е со површина од над 2 000 квадратни метри , и има 6 спални , 6 бањи , спа , киното и 7 камини . До неа има куќа за гости со две спални , две бањи и гаража за пет возила.
Слично
