Милијардерот кој стои зад јапонскиот алкохолен гигант Suntory
Во филмот од 2003 година „Изгубени во преводот", херојот на Бил Мареј оди во Јапонија, за да снима реклами за виски на компанијата Suntory . Минатиот викенд, истата компанија Suntory најави дека планира да се здобие со 16 милијарди долари вредниот американски гигант во производството на виски Beam.
Ако зделката се случи, како што е планирано, Suntory веќе нема да располага само со своите брендови виски како Yamazaki и Hibiki, туку и со Jim Beam , Maker's Mark и скочот Laphroaig. Семејството, кое ќе ги контролира овие брендови, е второто по ранг најбогато во Јапонија.
Според студијата на Forbes, Suntory е контролирана од 18 членови на вкупниот клан меѓу Саџи и Тори, потомци на Шинџиро Тори, кој во 1899 година ја основал компанијата позната во денешно време како Suntory. Општата состојба на семејството, според Forbes, изнесувала 10,7 милијарди долари минатата година.
Главата на фамилијата и претседател на Suntory е 68-годишниот Нобутада Саџи чиј што удел во Suntory , според Forbes чинел 1,4 милијарди долари минатата година. Таткото на Саџи , Кеизо , е посвоен син на основачот Тори, но како што е вообичаено во Јапонија, тој го добил името на семејството на приемната мајка. Тој го развива бизнисот во периодот 1961-1990 година. Нобутада управува со компанијата од смртта на неговиот татко во 1999 година.
Саџи и Suntory учествуваа во неколку големи трансакции во последниве години , меѓу кои стекнувањето за 4 милијарди долари на Orangina Schweppes Group во 2009 година и купување за 600 милиони долари на Frucor Beverages во 2008 година минатата година. Suntory ги купи Lucozade и Ribena од GlaxoSmithKline за околу 1,7 милијарди долари.
Саџи имаше намера да оствари спојување со конкурентната Kirin Holdings , но зделката пропадна во 2010 година. Минатата година, Suntory ја направи јавна една од своите компании за безалкохолни пијалоци, собирајќи четири милијарди долари од нејзиното IPO .
Годишната продажба на Suntory изнесува околу 20 милијарди долари , а профитот се смета дека е околу 500 милиони долари.
Suntory и Beam се познаваат од пред извесно време . Во 2012 година Beam склучи меркетиншки договор со Suntory , според кој, Suntory ги распространи Jim Beam и Maker's Mark во Јапонија . Бидејќи вискитоа на Suntory е поблиско до скочот, отколку до познатите американски бурбони на Beam , марките би требало да се надополнуваат наместо да се натпреваруваат.
Некои од другите познати брендови на Beam вклучуваат Courvoisier , Gilbey's , DeKuyper , Skinnygirl , Sauza , Hornitos , Knob Creek , Basil Hayden's , Booker's , Baker's , Old Crow , Canadian Club , Pinnacle и Old Overholt .
A.A.

Слично