Милијардерот Дерипаска крадел струја на имотот во Црна Гора
Електричната енергија на градилиштето на рускиот милијардер Олег Дерипаска, на кое се гради неговата раскошната резиденција на ртот Платамуни во Црна Гора, е исклучена од страна на которската Електродистрибуција, затоа што била приклучена на диво.
Компанијата на рускиот олигарх Олег Дерипаска, која е инвеститор на ‘ртот Платумини, неовластено се приклучила кон напојувањето на електрична енергија и потрошила електрична енергија во вредност од 40.000 евра.
- Штом се исполнети условите , односно, штом купувачот ја плати пресметаната неовластено преземена електрична енергија и достави комплетна документација за добивање на градежен приклучок, или за поврзување со мрежата на веќе изградени објекти на локалитетот, напојувањето повторно ќе биде овозможено – се вели во соопштението од црногорското Електростопанство.
Дерипаска во близина на Будва , на 25.000 квадратни метри, гради луксузен станбен комплекс кој се состои од две големи палати и десетици помали куќи обложени во бел мермер.
Рускиот олигарх пред девет години на тендер ја купи воената база на ртот Платамуни за 627.000 евра. Изградбата почна пред три години и веќе е при крај. Луксузниот комплекс е ограден со пет метри висока камена ограда, на кој приодот е забранет, а се наоѓа недалеку од плажата Плоче на 25.000 квадрати.
Главен бинис на Олег Дерипаска е неговата компанија за алуминиум. Според „Форбс“ неговото богатство се споредува со богатсвото на Роман Абрамович, а се смета за еден од луѓето блиски на Владимир Путин.

Слично