Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милијардерите најмногу заработиле годинава

Милијардерите најмногу заработиле годинава
Претседателот на Одборот на директори и основач на Microsoft, Бил Гејтс, ја зголемен имотната состојба со 14,5 милијарди долари од почетокот на 2013 година , пишува Daily Finance . Ова го става Гејтс на првата позиција според промените во богатството меѓу милијардерите во светот. Според последните податоци, неговата состојба се проценува на 77.2 милијарди долари . Втор на листата со 13,1 милијарди долари е Шелдон Аделсен , кој ја поседува Las Vegas Sands Corp . Американскиот коцкарски бос веќе има 35,8 милијарди долари , состојба која се беше стопила драстично пред неколку години. Основачот на Galaxy Entertainment Group Ltd . Лиу Че Ву го зазема третото место во рангирањето со 11,9 милијарди долари, што е за 100 милиони долари повеќе од Ворен Бафет . Милијардерот основач на IKEA Ингвар Кампрад ја дополнува листата со топ 5 со нови 11,7 милијарди долари , заработени во текот на оваа година. Основачите на Amazon и Facebook Џеф Безос и Марк Цукерберг го зголемија статусот со 11.4 и 11.2 милијарди долари од почетокот на 2013 година , а Карл Аикен додаде 9,8 милијарди долари . Основачите на Google , Лери Пејџ и Сергеј Брин , исто така може да бидат спокојни за својата старост , откако веќе располагаат со по 30 милијарди долари, што е односно 8.7 и 8.6 милијарди долари повеќе од почетокот на 2013 година
Слично

Поврзани вести