Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милијардери заработуваат милиони, препродавајќи ги своите приватни авиони

Милијардери заработуваат милиони, препродавајќи ги своите приватни авиони
Ерата на препродажба на куќи за профит може и да помина , но супербогаташите пронајдоа нов начин за итен профит - продавање на приватни авиони . Побарувачката за најголемиот и најскапиот бизнис џет Gulfstream G650 е толку голема, што сопствениците на слични авиони почнаа да ги продаваат на купувачи . Во некои зделки продавачите успеваат да излезат со профит помеѓу 5 и 7 милиони долари. Милијардерот Берни Еклстоун , сопственик на Formula 1 , скоро го продал својот G650 на азиски бизнисмен за 72 милиони долари, што е за 6 милиони повеќе од износот за кој го купил , пишува CNBC , повикувајќи се на извори . Трансакцијата за која прво информира BizjetBlogger , е остварена само неколку недели откако Еклстоун го добил авионот од Gulfstream . Засега Еклстоун не го коментирал договорот , а од BizjetBlogger тврдат дека авионот бил преголем за некои од аеродромите на Еклстоун . Агентите на приватни авиони и консултанти велат дека барем двајца други сопственици ги препродале неодамна нивните Gulfstream G650 за над 70 милиони долари. Во моментов , пак, се подготвуваат најмалку уште две трансакции. Во едната од нив, американски милијардер преговара со купувач од Азија . Во другите трансакции учествуваат милијардери од Русија , Латинска Америка и Блискиот Исток . Овие препродажба се индикатор за зголемената побарувачка на големи приватни авиони . G650 е кралот во овој сегмент со базна цена од 64.5 милиони долари. Моделот G650 исто така е многу редок. Само околу 30-35 авиони од овој тип биле доставени од неговото пуштање на пазарот минатата година , велат агентите . Милијардери во светот се редат на опашката за новиот авион , како што се во моментов Ралф Лорен и Опра Винфри. Побарувачката е толку голема што купувачот кој ќе потпише договор денеска , ќе го добие својот G650 дури во третиот квартал на 2017 година. Поради оваа причина многу купувачи се подготвени да платат повеќе од 70 милиони долари , за да ја добијат новата играчка уште денес .
Слично

Поврзани вести