МИЛИЈАРДЕРИ ПРОДАВААТ, Русите купуваат и пишуваат историја
Индиските милијардери, браќата Руиј, продаваат 98-процентен сопственички дел во рафинеријата за нафта Есар Оил за 13 милијарди долари, пренесе Блумберг.
Рафинеријата ја купува најголемата нафтена руска компанија Роснејфт и конзорциумот кој го сочинуваат претпријатијата Трафигура и Јунајтед Кепитал Партнерс.
Есар групата ќе им продаде по 49 отсто дел на Роснејфт и наведениот конзорциум во фирмата Есар Оил, чија вредност е процената на 728 милијарди рупии (10,9 милијарди долари), наведува индискиот конгломерат во соопштение.
Договорот се однесува на втората најголема индиска рафинерија во Вадинар, а дополнителни две милијарди долари ќе бидат платени за пристанишни терминали и електрана која ќе ја снабдева рафинеријата со струја, како и за мрежа од околу 2 700 пумпи.
Трансакцијата, која целосно ќе биде во готовина, ќе и помогне на Есар групата, која исто така се занимава со челичани и пристаништа, да го намали долгот од 50 отсто, изјавил Прашант Руиј пред новинарите во Гоа, Индија.
Сите одобренија се очекуваат до крајот на оваа година, а повеќето средства ќе одат на помирување на долгот, рекол Руиј.
Ова ќе биде најголемото поединечно странско вложување во Индија.
