МИЛИЈАРДЕР: Речиси сите пари ги оставил во добротворни цели!
Австралискиот милијардер Пол Ремзи, кој почина минатата недела, најголем дел од своето богатство остави во својата добротворна фондација. Ремзи почина на 78-годишна возраст, немал деца, но имал сестра близначка и брат.
Неговото богатство се проценува на околу 3,2 милијарди долари и тој беше осми најбогат човек во Австралија. Досега има изградено 151 болница преку својата фондација Ремзи Хелт Кер.
Најголем дел од богатството на милијардерот ќе оди на продолжување на овие активности и по неговата смрт.
Слично
