Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милијардер продал се што имал во ЕПЛ, зошто?

Милијардер продал се што имал во ЕПЛ, зошто?

Американскиот милијардер Carl Icahn ги продал сите свои акции во ЕПЛ, но на нив заработил вртоглав износ.

Како причина за продажба на акциите тој го навел ризикот од кинеското влијание на вредноста на акциите.

Инвеститорот пред речиси три години купил дел од компанијата, а кон крајот на минатата година поседувал 45,8 милиони од нивните акции.

Забавувањето на кинескиот економски раст и страв од влошување на условите во работата го довеле до одлука да ги продаде акциите.

„Директорот на Епл Тим Кук направи сјајна работа. Утрово го повикав и му реков дека ми беше малку жал, но тоа е една сјајна компанија“, рекол Icah.

Тој наговестил дека на продажбата заработил околу две милијарди долари.

Епл објави дека го забележал првиот пад од продажбата на ајфон од 2007 година кога го лансирал својот прв смартфон што се пдразило на падот на нето добивката за 22 проценти на 10,5 милијарди долари во фискалниот квартал завршен на 26 март, во однос на 13,6 милијарди од истиот период лани.

Слично

Поврзани вести