Милијардер објави дека се откажал од руското државјанство
Милијардерот Јури Милнер се одрече од руското државјанство.
Израелско-рускиот милијардер Јури Милнер се откажал од руското државјанство откако ја напуштил земјата во 2014 година, пишува Хина. Летово официјално ја завршил процедурата. Милнер е основач на интернет-инвестициската компанија „ДСТ Глобал“ и богатството го стекна потпирајќи се на кинески технолошки компании како „Алибаба“ и JD.com.
„Моето семејство и јас Русија засекогаш ја напуштивме во 2014 година, по руската анексија на Крим“, напиша во својот Твит.
Тој е израелски државјанин од 1999 година, а Русија не ја посетил од 2014 гоина, според податоците на интернет страницата на DST Global.
Поради западните санкции кон Русија, страдаа и руските олигарси, на кои европските земји им запленија јахти и имоти. Санкциите се поради инвазијата на Украина.
Слично
