Милијардер: Богат сум поради тоа што користам евтин телефон
Сопственикот на тимот во американски фудбал Далас Каубојс - Џери Џонс , предизвика сериозен медиумски интерес минатиот месец . Тогаш за време на натпревар, камерите го фатија како зборува на најобичен мобилен телефон тип " Мида " , што ги изненади сите .
Оваа недела Џонс гостуваше на утринскиот блок на CBS и објасни дека тоа што користи токму таков телефон му помогнало да се збогати. Откако беше запрашан дали навистина користи таков модел, Џонс го извади апаратот во воздухот и објасни дека овој тип телефони нудат поголема приватност. Потоа тој додаде дека овој телефон тип " Мида " е една од причините да има многу пари .
" Така се гради стадион за 1,2 милијарди долари , ако внимаваш со трошоците и на придобивките како од телефоните од типот Мида. Човек не може да има се", рече Џонс .
Тоа дефинитивно помага , а идејата дека со " Внимавај со трошоците" , акумулирал богатство од 3,0 милијарди долари , ги омаловажува многуте инвентивни бизнис решенија кои Џонс ги има преземено во текот на годините . Едно од нив е да го купи Далас Каубојс за само 140 милиони долари во 1989 година. Овој тим во моментов чини 2,3 милијарди долари .
Слично
