Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мили: Украинците многу тешко ќе ги истераат Русите од секој сантиметар, но и Русија не може да ја освои Украина

Мили: Украинците многу тешко ќе ги истераат Русите од секој сантиметар, но и Русија не може да ја освои Украина

Ниту Русија, ниту Украина нема да ги постигнат целите на бојното поле. 

Генералот Марк Мили, командант на Здружениот генералштаб на САД, изјави дека Русија, како и Украина, најверојатно нема да ги постигнат своите воени цели. За „Фајненшл тајмс“, Мили изјави дека Пентагон ги ревидира своите резерви на оружје и можеби ќе треба да ги зголеми воените трошоци со оглед на тоа колку бргу муницијата се троши во Украина.

Верува оти војната ќе заврши на преговарачката маса.

„За Русите ќе биде речиси невозможно да ги постигнат своите политички цели преку воени средства. Многу е неверојатно Русија да ја освои Украина. Тоа едноставно нема да се случи“, рече Мили.

Тој рече дека ќе биде „многу, многу тешко за Украина да ја постигне целта да ги протера Русите од секој сантиметар од територијата окупирана од Русија“. Вели дека тоа не значи дека нема да се случи, но е исклучително тешка задача. 

„Во принцип ова би барало целосен колапс на руската војска“, тврди Мили, пренесе „Индекс.хр“.

Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. Ќе се наврши година откако почна војната. Жестоки борби се водат за освојување на градот Бахмут. Таму руските и украинските сили војуваат со месеци. 

Слично

Поврзани вести