Мили: Годинава е тешко Украинците да ги исфрлат руските сили од секоја педа земја
Тврдам дека годинава ќе биде многу, многу тешко воено да се исфрлат руските сили од окупираната Украина, вели претседателот на Здружениот Генералштаб на оружените сили на САД, генерал Марк Мили.
„Од воена гледна точка сè уште тврдам дека за оваа година ќе биде многу, многу тешко воено да се исфрлат руските сили од сите, секоја педа од окупирана Украина“, рече Мили.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски бара западните земји побрзо да испорачаат оружје во Украина. САД испраќа голема воена помош.
Слично
