Милер: ЕК неможе да ја прекине изградбата на Јужен поток!
Изградбата на Јужен поток Европската комисија неможе да ја прекине. Преку него во декември 2015 година првиот гас на морскиот дек ќе стигне во Бугарија, вели Алексеј Милер, генерален директор на руски Гаспром.
Според информации на агенцијата Риа новости, гасоводот се гради преку Црното море во земјите на јужна и централна Европa.
“Европската комисија неможе да ја застане изградбата, нас никој неможе да ни забрани да градиме. И нашиот одговор е многу едноставен, Во декември наредната година преку цевките поставени на дното на Црното море ќе протече првиот гас во Бугарија и Европската унија, изјави шефот на Гаспром, Милер.
Тој исто така истакна дека претставници од Грција му се обратиле со молба дека сакаат да ја приклучат земјата на Јужен тек.
Слично
