Економија, финансии, бизнис

Контакт

Миленичката на Путин тврди дека Русија со божја помош ќе го покори целиот западен свет

Миленичката на Путин тврди дека Русија со божја помош ќе го покори целиот западен свет

Русија ќе го покори целиот западен свет, изјави главната уредничка на руската државна телевизија Russia Today и една од најпознати пропагандистики на рускиот претседател Владимир Путин, Маргарита Симонјан. 

Таа неодамна во емисијата на рускиот пропагандист, Владимир Соловјов, изјавила дека војната во Украина е борба на Русија против целиот Запад во која Русија на крајот ќе победи и ќе се покаже како најголема држава на светот.

Кажала и дека Русија со Божја помош ќе победи и дека заслугите за таа победа ќе ги преземе  Москва. Вели дека таа победа нема да вклучува само заземање на Бахмут или Вулхедер, градови во Доњецк околу кои со месеци се водат борби, туку Русија ќе го порази целиот западен свет.

Околу Бахмут уште се водат жестоки борби. Киев соопшти дека загубите на двете страни се големи. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари лани. 

Слично

Поврзани вести