Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЛАНО: Најдена е обесена кукла со ликот на Маск

МИЛАНО: Најдена е обесена кукла со ликот на Маск

Импровизирана кукла со ликот на милијардерот Илон Маск, поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп е обесена на плоштад во Милано. 

Импровизирана кукла полна со ѓубре со ликот на Маск обесена наопаку вчера е пронајдена на плоштадот Лорето во Милано, на истото место каде во 1945 година беше изложено телото на италијанскиот фашистички лидер Бенито Мусолини.

Куклата е обесена откако Маск, на инаугурацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, отпоздрави, а неговиот гест беше спореден со нацистичкиот поздрав. Маск ги отфрли критиките како „заморен“ напад.

Вчера жителите на Панама бесни поради најавите на Трамп дека ќе го преземе Панамскиот канал, протестираа, запалија американско знаме и слики од Трамп, а имаше и кукла со фигурата на Трамп која ја тепаа. 

Слично

Поврзани вести