Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мигрантите во Германија сакаат работа, а не образование

Мигрантите во Германија сакаат работа, а не образование

Интеграцијата на бегалците на пазарот на трудот во Германија го отежнува трендот според кој тие попрво ќе се одлучат за едноставни и послабо платени работи, отколку за стручна обука. 

Ова  произлегува од студијата на Институтот на германската економија, објавена во вторник во Келн.

„Бегалците свесно се одлучуваат за поедноставни работи кои се послабо платени наместо стручна квалификација која отвора перспектива за подобро платени работни места“- вели Реџина Флаке, специјалист за прашања од образовен систем при Институтот.

Од студијата, која е направена за потребите на Министерството за економија, произлегува дека бегалците често не се свесни за предностите од образование во однос на поедноставните работи кои на почетокот носат повеќе пари отколку образованието.

Понатаму проблем е недостигот на свидетелства за досегашната стручна подготовка на бегалците, како и непознавањето на германскиот јазик.

Слично

Поврзани вести