Мигрантите во Германија не сакаат германска храна
Мигрантите во Германија имале поплаки за тамошната храна, со образложение дека се Арапи и не треба да им се дава само германска храна.
Рајнер Шуман од градската управа на Борнхаим не ги разбира поплаките на мигрантите.
„Ние им нудиме различни активности, можат да играат фудбал, кошарка. Организираме екскурзии и јазични курсеви "- вели тој.
Но, бегалците велат дека се како во затвор.
„Има само германска храна, а ние сме Арапи. Што ќе правиме на Рамазан?- вели бегалец.
Бегалците кои се сместени во кампот во Борнхаим, се жалат на лошите животни услови, од контрола на социјалните работници и од тоа дека не знаат уште колку долго ќе им се наметнува да се населуваат во училишната гимназија.
Во кампот живеат околу 80 лица од Ирак, Сирија и Палестина. Во знак на протест заради условите, некои од нив кампуваат на улицата пред училиштето.
