Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мигрантите и бегалците не се добредојдени во светот

Мигрантите и бегалците не се добредојдени во светот

Околу 45% од анкетираните 16 000 луѓе од 22 земји велат дека имиграцијата покажува негативен ефект врз нивната земја, а 20% се со спротивно мислење, покажуваат резултатите од истражувањето на Ipsos Mori, направено на интернет.

Најнегативен однос кон имигрантите има во Турција, Италија, Русија, Унгарија, Франција и Белгија. Во овие земји, 6 од секои десет испитаници немаат позитивен став кон странците. Речиси половина од анкетираните се на мислење дека во нивната земја има премногу странци.

Истражувањето ги открива тензиите што имиграциските текови ги предизвикуваат во светот. Зголемените нивоа на миграција во рамките на Европската унија, беа меѓу главните причини за успешната кампања на приврзаниците на Брегзит. Земји како Шпанија и Италија се соочуваат со поголем број економски имигранти, кои граничат со нив од Северна Африка преку морето. Грција се бори со прилив на бегалци кои бегаат од конфликтите во Сирија, Ирак и Авганистан преку Турција.

Анкетираните исто така се сомничави кон бегалците, а четворица од секои десет испитаници сакаат затворање на границите. Шестмина од 10 испитаници  велат дека терористите се прикриваат како бегалци.

Истражувањето е  спроведено во периодот од 24 јуни до 8 јули.

Слично

Поврзани вести