Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мигранти запалија бездомник во Германија

Мигранти запалија бездомник во Германија

Германската полиција сослуша седум мажи на возраст меѓу 15 и 21 години, кои се осомничени дека се обиделе да запалат заспан бездомник во метро станица во Берлин, пишува германското издание „Билд". 

Шестмина од мажите се предале синоќа сами на полицијата, а последниот бил фатен од цивилни полицајци. Како што  потврдија од полицијата, шестмина од уапсените извршители се од Сирија, а седмиот е од Либија.

„Знаеме кој е главниот сторител. Станува збор за 21-годишниот Сириец“ - изјави Томас Нојендорф, портпарол на полицијата.

37-годишниот бездомник спиел во метро станицата кога околу 2 часот по полноќ облеката му била запалена. Минувачи му помогнале да го изгаси огнот, а мажот е без сериозни повреди.

Полицијата ги товари мигрантите за обид за убиство.


Слично

Поврзани вести