Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мигранти бегаат и од Германија: Авганистанци се вратија дома оти таму немале перспектива

Мигранти бегаат и од Германија: Авганистанци се вратија дома оти таму немале перспектива

Група од 135 авганистански мигранти се вратиле денес доброволно со авион во Кабул од Германија поради тоа што во Европа немале перспектива, соопштуваат претставници.

Меѓународната организација за миграција (IOM) го организирала превозот и приемот на таа група, во која биле 107 мажи, 18 жени и 10 деца, пренесе АФП. Во соопштението не се прецизира како тие Авганистанци дошле до Германија ниту колку време поминале во таа земја.

Авганистански претставници им посакале добредојде на вратените, уверувајќи ги дека ќе имаат иднина во Авганистан.

Се очекува да следат многу такви враќање во координација меѓу владите во Кабул и Берлин..

Бројот на барања за доброволно враќање од Германија во Кабул се зголемил значајно во текот на минатите недели.

Авганистанската амбасада во Германија соопштила дека дури 1000 авганистански мигранти во таа земја изразиле итна желба доброволно да се врата дома.

„Главните причини кои тие ги наведуваат... се ограничувањата кои ги воочуваат кога се работи за нивните долгорочни изгледи во Германија“, рекле претставници од Амбасадата.

Тоа вклучува , како што се додава во соопштението „ограничени можности за обединување на членовите на семејствата“.

Слично

Поврзани вести