Мигрант во авион извикувал џихадистички пароли
Нелегален мигрант депортиран од Велика Британија со авион до Венеција извикувал „Аллаху Акбар", „Смртта доаѓа!" и „Сите ќе умреме".
Додека да стане јасно дека британското Министерство за внатрешни работи користи граѓански лет за депортирање на мигрантот, патниците биле во ужас, а децата почнале да плачат.
Патниците се загрижиле дека станува збор за подготвен терористички напад.
Мигрантот 29 пати повторил „Аллаху Акбар!", 17 пати „Смртта иде!" и 9 пати „Сите ќе умреме".
Мажот, чиј идентитет не беше откриен, се однесувал грубо и заканувачки во текот на целиот лет до Венеција. Патувањето од 23 август се претворило во хорор.
Мигрантот бил снимен со телефон, но на патниците им било наложено да ги избришат снимките.
Британското МВР троши околу 30 милиони фунти годишно за враќање на илегални имигранти и странски криминалци во нивните матични земји.
