Мигрант почина од студ во багажниот простор на авион
Телото на починатиот од студ Сенегалец е пронајдено од товарачи во багажниот простор на авион на бриселскиот аеродром „Завентем".
Авионот пристигнал од сенегалскиот главен град Дакар, соопшти градското обвинителство. Mажот кај себе немал ниту еден документ.
Секоја година има вакви случаи, при што се пронајдени тела на илегални мигранти. Обично тие се сместуваат во багажниот простор или во просторот за шасија.
Смртта на мигрантите настапува поради ниски температури и недостиг на кислород.
Слично
