Microsoft,Apple, Nike не плаќале данок
18 големи амерински компании на државата и должат 92 милијарди долари, открива Граѓанската иницијатива за даночна еднаквост во САД.
Минатиот месец во јавноста се појавија инсинуации дека технолошкиот гигант „Apple“ избегнал плаќање на неколку милијарди долари данок, а сега му се придружија и компаниите „Nike“, „Oracle“, „Microsoft“, „Dell“, „American Express“ …
„Apple“ претходно ги отфрли ваквите обвинувања, велејќи дека тој создал 600.000 работни места во САД и дека платил шест милијарди долари данок кон американското Министерство за финансии во 2012 година.
Претставниците на граѓанската иницијатива веруваат дека големите компании ги кријат своите приходи во земјите каде податоците за банкарските сметки се строга тајна, тие потсетуваат дека со ваквото даночно затајување страда економијата на државата.
Слично
