Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИА МУ ПРКОСИ НА ХАМАС: Девојката која беше во канџите на милитантите направи тетоважа посветена на жртвите од масакрот (ФОТО)

МИА МУ ПРКОСИ НА ХАМАС: Девојката која беше во канџите на милитантите направи тетоважа посветена на жртвите од масакрот (ФОТО)

Младата Израелка која неодамна беше ослободена од заробеништво на Хамас испрати пркосна порака!

Израелско-француската уметница Миа Шам (21), која Хамас ја киднапираше на 7 октомври на музички фестивал, беше ослободена за време на привремениот прекин на огнот меѓу милитантите и Израел.

Миа на својот Инстаграм профил објави фотографии од својата нова тетоважа.

- Пак ќе танцуваме - пишува на нејзината надлактица.

Под пораката е истетовиран датумот кога Хамас изврши напад врз Израел.

- Никогаш нема да го заборавам 7 октомври 2023 година. Болка и страв, тешки сцени, пријатели кои нема да се вратат и други што треба да ги вратиме... Но, ќе победиме! Ќе продолжиме да танцуваме – напиша Миа.

Девојката беше меѓу десетиците млади киднапирани од Хамас од фестивалот на кој загинаа речиси 400 присутни.

Миа потоа беше забележана на едно од кратките видеа објавени од Хамас додека добива помош за рана на десната рака.

Младата уметничка беше ослободен од Хамас на 30 ноември по повеќе од 50 дена заробеништво.



Фото: Принтскрин/Инстаграм

Слично

Поврзани вести