Економија, финансии, бизнис

Контакт

Метрото во Брисел повторно работи нормално

Метрото во Брисел повторно работи нормално

Метрото во Брисел, што беше погоденo во нападите на 22 март, од денеска работи повторно по вообичаениот распоред, објавија локалните власти.

Сите 69 постојки се отворени од 4.30 часот. Во последниот месец не сите постојки беа сервисирани, а возовите се движеа само од 6  часот до 22  часот. Полицијата, војската и безбедносните служби се задолжени за обезбедувањето на подземната железница. Станицата „Малбек", каде беше подметната бомба, беше отворена повторно утринава, 33 дена по терористичкиот напад.  Вчера во станицата беа пуштени повредени од нападите и блиски на загинатите кои напишаа пораки на ѕидовите.

Во терористичките напади на аеродромот и во метрото во Брисел, загинаа 34 лица, над 150 беа ранети. Нападите ги извршија екстремисти од Исламска држава.

Слично

Поврзани вести