Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕТАЛНИ ЧЕСТИЧКИ ВО ВАКЦИНАТА НА МОДЕРНА: Вијалите биле загадени во производната линија во Шпанија

МЕТАЛНИ ЧЕСТИЧКИ ВО ВАКЦИНАТА НА МОДЕРНА: Вијалите биле загадени во производната линија во Шпанија

Елемент кој е пронајден во серијата вакцини на компанијата „Модерна“, испорачани во Јапонија, а произведени во Шпанија најверојатно е метална честичка, информира јапонската телевизија НХК, повикувајќи се на извори од јапонското Министерство за здравство.

Извештаите за контаминација пристигнале од 8 центри за вакцинација во 5 јапонски провинции, а присуството на непознати супстанции било потврдено во 39 ампули.

Истрага за овој случај е покрената, откако две лица починаа во Јапонија откако ја примиле вакцината од компанијата Модерна, која е дел од спорната испорака на вијали контаминирани со одредени честички, за кои постои сомневање дека се поврзани со производствената линија во Шпанија, објави Министерството за здравство. Во соопштението се наведува дека мажите кои имале повеќе од 30 години починале неколку дена по примањето на втората вакцина.

Инаку, според извори од јапонското Министерство за здравство, пронајдената честичка во вакцината реагирала на магнети и па постои сомневање дека станува збор за метал, пренесува „Ројтерс“.

Шпанската фармацевтска компанија „Рови“ која ги пакува вакцините „Модерна“ во шишиња за пазарите надвор од САД, соопшти дека контаминацијата би можела да биде последица на проблем со производствената линија и дека спроведува истрага.

Јапонија ја суспендираше употребата на 1,63 милиони дози вакцина Модерна кон средината на неделата по извештаите за контаминација на шишиња со одредени честички, за кои постои сомневање дека се поврзани со производствената линија во Шпанија.

Станува збор за 565.400 дози, а Модерна објави дека ја запрела испораката на оваа и две други серии.


Слично

Поврзани вести