Kуршум во глава: Џихадистите погубија 50 лица во Ирак, меѓу нив жени и деца!
Екстремистите од организацијата на Исламската држава во ирачката провинција Анбар погубија 50 припадници на сунитските племиња, меѓу кои имало жени и деца, пукајќи им со куршум во глава, соопштија денеска ирачки претставници и лидери од сунитеските племиња.
Ова е најновиот во низа масовни погубувања во провинцијата Анбар кои им се препишуваат на екстремните исламисти.
Водачот на сунитското племе Ал Бу Нимр, Шеикот Наим ал-Гауд изјавиле дека џихадистите во селото Рас ал-Ма убиле 40 мажи, шест жени и четири деца така што ги построиле а потоа еден по еден ги убивале со огнено оружје. Тие додале дека џихадистите киднапирале и 17 лица.
Овие тврдења ги потврдил и еден претставник од канцеларијата на гвуернерот во провинцијата Анбар, кој сакал да остане анонимен бидејќи не е овластен јавно да изнесува детали.
