Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕТА ПЛАНИРА ДА ГО „ПОБЕДИ“ ТВИТЕР? Лансира ривал - P92

МЕТА ПЛАНИРА ДА ГО „ПОБЕДИ“ ТВИТЕР? Лансира ривал - P92

Компанијата Мета, сопственик на Фејсбук, Инстаграм и Воцап, на своите вработени им ги претстави плановите поврзани со нова социјална мрежа – „текстуална“ по природа, која треба да биде ривал на Твитер.

Извори запознаени со оваа работа изјавија за Би-Би-Си дека новата мрежа може да им овозможи на корисниците да ги следат профилите што веќе ги следат на Инстаграм, потенцијално „донесувајќи“ им следбеници од децентрализираните платформи како што е Мастодон.

Портпаролот на Мета потврди за Би-Би-Си дека нова платформа е во развој.

„Истражуваме самостојна децентрализирана социјална мрежа за споделување текстуална содржина. Веруваме дека постои можност за нов простор каде креаторите на содржината и јавните личности можат да споделуваат навремени ажурирања за нивните интереси“, изјавија од  Мета, технолошкиот гигант кој има за цел да ја лансира новата мрежа „наскоро“, но не беше даден датум.

Сепак, постојат шпекулации дека тоа би можело да биде веќе до крајот на јуни.

Инаку, работното име на актуелната мрежа, која ќе му конкурира на Twitter, е P92. Некои проценуваат дека во ривалство со Twitter, оваа платформа би можела да ги надмине BlueSky или Mastodon.

Мета вели дека Инстаграм има околу две милијарди корисници, што е многу поголема бројка од оние на Твитер: околу 300 милиони. Би-Би-Си додава дека бројот на корисници на Твитер веќе не може да се „следи“, па ова е само проценка.

Но, ако компанијата успее да убеди најмалку 25% од корисниците на Instagram да почнат да го користат P92, таа платформа веднаш ќе стане поголема заедница од нејзиниот ривал - Twitter.


Слично

Поврзани вести