Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕСТА КАДЕ ТУРИСТИТЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ КАКО ДОМА: Oва се 20 најпријатни градови во светот

МЕСТА КАДЕ ТУРИСТИТЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ КАКО ДОМА: Oва се 20 најпријатни градови во светот

Оваа година беше спроведена анкета меѓу 18.500 жители ширум светот. Прашањата се однесуваа на квалитетот на животот, зелените површини, културата, среќата, но и најважното: колку градовите се пријателски настроени кон посетителите, пишува Time Out.

Резултатите открија многу. На самиот врв на листата се најде Порто, чии жители ги опишаа своите соседи како „добри и љубезни“ во 85 отсто од случаите. Тој процент му ја донесе титулата најпријатен град на планетата. Покрај тоа, тој зазеде и високи места во однос на убавината, среќата и квалитетот на животот, што, како што пишува новинарката Маријана Мораис Пињеиро, „покажува дека овој град едноставно не престанува да освојува награди“.

На второ место се најде Билбао, шпански град познат по уметноста, каде што 71 отсто од жителите сметаат дека нивните сограѓани се топли и отворени. Шпанија, патем, се издвои, дури четири од нејзините градови влегоа во првите 20, повеќе од која било друга земја. 

Третото место му припадна на Меделин, жив колумбиски град полн со енергија, вкусна храна и ноќен живот. Според истражувањата, неговите жители се меѓу најсреќните во светот, па затоа не е изненадувачки што, како што велат, би ве пречекале со раширени раце.

Врз основа на процентот на жители кои го опишале својот град како „пријателски и отворен“, еве 20 места каде што луѓето најмногу се смеат:

Порто, Португалија

Билбао, Шпанија

Меделин, Колумбија

Кејптаун, Јужна Африка

Лагос, Нигерија

Брајтон, Велика Британија

Мадрид, Шпанија

Лисабон, Португалија

Чикаго, САД

Белфаст, Велика Британија

Ханој, Виетнам

Њу Орлеанс, САД

Валенсија, Шпанија

Глазгов, Велика Британија

Абу Даби, ОАЕ

Чијанг Маи, Тајланд

Монтреал, Канада

Севиља, Шпанија

Бризбејн, Австралија

Дубаи, ОАЕ

foto Wikipedia/jpvargas - Boardwalk

Слично

Поврзани вести