Меси на обвинителна клупа заради затајување на данок?
Судот во Шпанија одлучи да го продолжи процесот против најпознатиот фудбалер во светот Лионел Меси под обвинение за затајување на данок.
Јавниот обвинител пред еден месец предложи да се отфрли обвинението против капитенот на аргентинската репрезентација, затоа што за неговите финансии се грижел неговиот татко Хорхе.
Сепак, сидот во шпанскиот град Гава денеска пресуди дека постои доволен број докази оти и самиот Лионел Меси знаел за малверзациите и даночното затајување, па затоа постапката и против него ќе продолжи.
Меси и неговиот татко беа обвинети минатата година дека ја оштетиле Шпанија за повеќе од четири милиони евра во периодот од 2006 до 2009 година, лажно прикажувајќи ги приходите.
Иако во меѓувреме го исплатил долгот, тоа не го спасува Меси од одговорност, така што наскоро би можел да се најде на обвинителна клупа.
Слично
