Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕШТАНИТЕ МОЖЕ ДА СЕ ЕВАКУИРААТ САМО СО ЧАМЦИ: Украинците урнаа мост во Русија

МЕШТАНИТЕ МОЖЕ ДА СЕ ЕВАКУИРААТ САМО СО ЧАМЦИ: Украинците урнаа мост во Русија

Руските медиуми објавија дека Украинците урнале мост во Курск и отсекле околу 30 населени места. 

„Украинските вооружени сили го уништија мостот на реката Сејм во областа Курск во Русија“, објави рускиот портал „Маш“. 

За уривањето на мостот објави и руската државна новинска агенција ТАСС.

Маш пишува дека Украинците пукале на мостот со американски Химарси и дека загинале доброволци од т.н. Народна Република Донецк.

Еден проектил погодил минибус кој бил на мостот. Двајца мажи загинале, а третиот е ранет.

Вториот удар уништил дел од мостот, па дел од областа Глушковски е отсечена од остатокот од Русија. Маш пишува дека жителите на околу 30 населени места сега можат да бидат евакуирани само со чамци.

Претходно руското Министерство за одбрана на Телеграм објави дека руските системи за противвоздушна одбрана одбиле напад на мостот на Крим синоќа.

„Непријателот ја таргетираше областа со 12 оперативно-тактички ракети ATACMS од американско производство“, соопшти руското Министерство.

Пред десетина дена Украина изврши упад во Русија и сега се во областа на Курск. 

Украина како што кажа советникот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, Михаил Подољак, нема да ја моли Русија за преговори. Сакаат преговори под нивни услови. 

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

Слично

Поврзани вести